Диета со супа од зелка

Диетата со супа од зелка е седумдневна нискокалорична диета. Таа е одличен прочистувач на организмот, иако спаѓа во стриктни и брзи диети, дава одлични резултати. Се држи само 7 дена, па се прави пауза од две недели. Додека сте на пауза од две недели треба да внимавате во исхраната, за да не се појави јо – јо ефект, да не се вратат брзо килограмите. Додека сте на оваа диета треба да внесувате дополнително мултивитамини. За седум дена се губат околу 5 кг.

Основата на диетата е секојдневно да јадете колку што можете повеќе супа, значи колку повеќе јадете толку повеќе слабеете.
Алкохолот е строго забранет, се пие само вода, чај без шеќер и кафе.
ОСНОВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА СУПАТА ОД ЗЕЛКА Е:

1 ЗЕЛКА (СРЕДНА ГОЛЕМИНА)
5-6 ГЛАВИЦИ КРОМИД ИЛИ ПРАЗ
5-6 МОРКОВИ
НЕКОЛКУ СЕЦКАНИ ДОМАТИ (МОЖЕ ДА СТАВИТЕ КУПЕН ЃУВЕЧ 2-3 ЛАЖИЦИ, ТОМАТЕЛО ИЛИ ДОМАШЕН ДОМАТЕН СОС)
ЦЕЛЕР СО КОРЕН И ЛИСТОВИ
ДВЕ ПИПЕРКИ
СОЛ,ЦРН ПИПЕР,ВЕГЕТА

ДОПОЛНИТЕЛНО МОЖЕ ДА ДОДАДЕТЕ МАЛА ЌЕСИЧКА ПЕЧУРКИ, ЛОВОРОВ ЛИСТ ЗА МИРИС, МАЛКУ МАСЛО.

Покрај супата,стриктно треба да се придржувате на следниов план:

1 ден: Освен супата од зелка, можете да јадете колку што сакате и какво што сакате овошје, со исклучок на бананите.

2 ден: Во вашето мени освен супата вклучете и зеленчуци (со исклучок на гравот, пченката и грашокот). Компирите се ограничени. Можете да изедете еден печен компир со малку путер.

3 ден: Супата од зелка комбинирајте ја со зеленчук (со исклучок на компирите) и овошје (со исклучок на бананите).

4 ден: Освен супата од зелка, дозволено ви е да јадете максимум 8 банани и да пиете колку што сакате обезмастено млеко.

5 ден: Вашиот глад можете да го заситите освен со супа, ѝ со 300 – 500g говедско месо приготвено на скара и 6 свежи домати. На овој ден испијте 8 чаши вода.

6 ден: Јадете супа од зелка, говедско месо, пилешко месо без кожа и зеленчуци (освен компири).

7 ден: Можете да јадете освен супата и кафеав ориз, зеленчук (без компири) и да пиете колку што сакате 100% природен овошен сок.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.