Аткинсова диета

Аткинсовата диета е популарна ниско – јаглехидратна диета за слабеење, разработена од д-р Роберт Аткинс. Појавата на оваа диета во 1972г., стави почеток на долгогодишен тренд за користење на диети со минимално консумирање на јаглехидрати.
Денес, оваа диета се користи од многу луѓе, кои тврдат дека слабеат брзо и без гладување.

Оваа диета ветува намалување на тежината 6 – 8kg во првите две недели. Слабеењето треба да продолжи ѝ во втората и третата фаза, т.е. сè додека го контролирате нивото на внесени јаглехидрати.

Според тврдењата на приврзаниците на диетата на Аткинс, дебелеењето и болестите врзани со прекумерната телесна тежина (срцеви болести и тип 2 дијабетес) се резултат на исхрана богата со јаглехидрати. Прекумерното консумирање на јаглехидрати, особено шеќер и бело брашно, го зголемува нивото на инсулин, води до нарушување на балансот на шеќер во крвта и предизвикува зголемување на тежината и кардиоваскуларни заболувања.

Диетата на Аткинс го ограничува консумирањето на јаглехидрати, ѝ им става акцент на протеините и мастите. Оваа диета не бара броење на калории или ограничување на порциите. Во зависност од тоа во која фаза од диетата се наоѓате, треба да консумирате од 20 до 100 грама јаглехидрати дневно. Тоа е многу малку во споредба со препорачаните 225-325 грама.

Оваа диета не е медицинска, туку комерцијална диета за слабеење.

ЧЕТИРИ ФАЗИ НА ДИЕТАТА:

Воведна фаза, фаза на продолжување на загубата на телесна тежина, фаза пред одржување и фаза на доживотно одржување на телесната тежина.

1.      ФАЗА

Воведната е најстрогата фаза од диетата. Во текот на оваа фаза вие треба да ги елиминирате скоро сите јаглехидрати од вашата исхрана. Дозволено е внесувањето на само 20 грама нето јаглехидрати дневно. Препорачливо е првата фаза да трае 2 недели. Во текот на оваа фаза се губат најмногу килограми.

Дозволена храна:

Сите видови месо се дозволени (пилешко, мисиркино, телешко, јагнешко) и најдобро е да го консумирате месото печено или варено. Исто така можете да јадете и риба и морски плодови. Тука спаѓаат ѝ јајцата.

Околу 12-15 грама од јаглехидратите што ги внесувате, треба да доаѓаат од зеленчуците. Од зеленчуците можете да јадете: зелена салата, зелка, карфиол, брокули, домати, пиперки, кромид, спанаќ, модар патлиџан, аспарагус.

Дозволено е ѝ консумирањето на различни сирења: овчо, кравјо и козјо сирење, фета, моцарела, чедар, сино сирење, гауда. Но, внесувањето на сирењето треба да се ограничи на 120 грама. Можете да внесувате уште ѝ маслиново масло, мајонез и путер.

Забранета храна:

Сите житни растенија и продуктите создадени од нив како: леб, колачи и тестенини, се забранети. Исто така не треба да се консумира ѝ храна што дополнително содржи шеќер.

Од зеленчуците не треба да се внесуваат: компири, пченка, а исто треба да се избегнат ѝ мешунките. Во оваа фаза треба да ги елиминирате од исхраната ѝ овошните и јаткастите плодови.

Во текот на првата фаза потребно е да пиете по 8 чаши вода на ден, да го сведете на минимум консумирањето на кафе и целосно да го елиминирате пиењето алкохол.

2. ФАЗА

Во оваа фаза можете да го зголемите списокот на дозволена храна со: повеќе зеленчук, јаткасти плодови, семиња и овошје како: јагоди, боровинки, малини и капини.

Внимавајте колку јаглехидрати консумирате, затоа што ѝ во текот на втората фаза вие треба да губите килограми. Зголемувајте го внесот на јаглехидрати со 5 грама секоја недела.

Останете во оваа фаза додека не дојдете на 4 – 5 килограми од посакуваната тежина.

3. ФАЗА

Во текот на оваа фаза, зголемувајте ги јаглехидратите кои ги примате со 10 грама неделно. Целта е да го определите критичното ниво на јаглехидрати за одржување на телесната тежина, т.е. максималниот број на јаглехидрати што можете да ги внесете, без да ја покачувате својата тежина.

4. ФАЗА

Со оваа фаза вие треба да ги спроведувате навиките кои ги придобивте со досегашното практикување на диетата, без да се враќате на стариот начин на живот.

Приврзаниците на Аткинсовата диета сметаат дека најголем дел од луѓето можат да внесуваат од 45 до 100 грама јаглехидрати дневно и да ја одржуваат својата тежина. Ако вежбате барем половина час дневно, можете да ги зголемите јаглехидратите во исхраната.

Негативни страни

Иако многу луѓе бескомпромисно ја поддржуваат, Аткинсовата диета во последните години доби многу негативни критики.

Некои истражувања покажаа дека консумирањето на месо во големи количини може да предизвика создавање на камен во бубрегот.

Друга лоша страна на оваа диета е што со нејзино практикување се консумираат мали количина на овошје и зеленчук, а тоа води до загуба на витамини и минерали.

Некои експерти сметаат дека загубата на тежина со диетата на Аткинс не е долготрајна, но не постојат конкретни истражувања што ќе го потврдат тоа.

СОВЕТ:

Аткинсовата диета треба да се применува од лица без здравствени проблеми.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.