Диета 20 дена

Еден циклус од диетата трае 20 дена. Во овој период се јадат по два, точно определени оброци. Количеството храна што се внесува за време на оброците не е ограничено. Откако ќе го завршите циклусот од 20 дена, треба да направите пауза од еден месец, по што можете повторно да започнете нов диетален циклус.

Со еден диетален циклус со сигурност се губат 8 кг. Оброците консумирајте ги на растојание од шест часа. На пример: ако првиот е во 12 часот, вториот нека биде во 18 часот попладне.

ДИЕТАЛЕН ЦИКЛУС:

1 Ден: Макарони со сирење и јогурт. Макароните можете да ги подготвите по ваш вкус – варени или потпечени.

2 Ден: Тава ориз (потчечен или пилав). Оризот може да го подготвите на вообичаениот начин. Може да се комбинира ѝ со сирење и јогурт.
3 , 4 и 5, Ден: Телешко месо (варено или печено на сол, без маснотии, по ваш вкус) и свежа салата

6, 7 и 8 Ден: Пилешко месо (варено или печено, по ваш вкус) и свежа салата

9 , 10 и 11 Ден: Риба подготвена по ваш вкус ( печена во фолија) или туна конзерва ( не во масло, туку во вода) и свежа салата

12 , 13 и 14 Ден:  Зрнест зеленчук ( грав, боранија, грашок, леќа ). Зеленчукот се подготвува на вообичаениот начин. На пример: Гравчето можете да го подготвите варен или како гравче – тавче.

15 и 16 Ден: Компири во сите можни варијанти ( печени, варени, па дури и помфрит).

17 Ден: Свежо овошје, вклучувајќи ги и бананите.

18 Ден: Макарони со сирење и јогурт. (Исто како првиот ден).

19 Ден: Тава ориз (потчечен или пилав). Исто како вториот ден.

20 Ден: Сè што е слатко: колачи, торта, еклери, баклава, чоколадо…комбинирани во три оброци.

НАПОМЕНА:

Количеството храна што се внесува во двата оброка е неограничено. Количеството течности, исто така е неограничено. Може да пиете кафе и чај, но без шечер или со вештачки засладувач. Може да пиете и сокови, но не густи и газирани, најдобро е да пиете сок од лимон, т.е. лимонада. Пиењето минерална вода е неограничено.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.