Храна за и против целулит

Начинот на живеење, навиките и исхраната се најважни во борбата против целулитот. Денес, брзото темпо на живеење, наметнува консумирање на готова храна (fast food) и во голема мера внес на храна со премногу калории, масти, шеќер и сол.

Најважно е да разјасниме која храна придонесува за појава на целулит, а која помага за негово намалување.

Секоја втора жена има проблеми со целулитот, од кој сака да се ослободи, но без оглед на тежината, мора да знае дека треба да ги промени своите навики во исхраната. Мора да бидете подготвени да направите трајни промени во вашиот животен стил.

Еве неколку корисни совети:

ХРАНА ОД КОЈА НАСТАНУВА ЦЕЛУЛИТ:

1.  Солена и масна храна

Кога купувате месо, гледајте да одберете месо бес маснотии. Најдобро е да јадете: бело месо. Избегнувајте масна, пржена,конзервирана и храна која содржи многу сол. Оваа храна ја задржува течноста во телото и на тој начин помага во формирањето на целулитот. Кога ќе речете, имам целулит, тоа значи дека имате зголемен обем на масни наслаги кои се таложат на одредени делови од телото (рацете, нозете, задникот, стомакот), кои ја спречуваат нормалната циркулација на крвта и лимфата, преку која се канализираат отпадните материи од ткивата. Забранета храна е: соја сос, чипс, солени грицки, масно црвено месо, колбаси, путер, маргарин, павлака со висока масленост, овчо сирење.

Кога ја подготвувате храната, наместо сол, почнете да ја зачинувате со: мајчина душица, риган, оригано, босилек и рузмарин. Ќе му дадете посебен вкус на храната. Јадете повеќе варена или храна подготвена на пареа, зачинета со ладно цедено маслиново масло и лимон.

2.   Шеќер

Храната која е богата со шеќер, може да предизвика скок на инсулинот кој го стимулира формирањето на масното ткиво. Со внесување на прекумерни количини на храна богата со шеќер, предизвикува врзување на шеќери со протеините, каде што го слабее дејството на протеините и настанува воспаление, така што целулитот боли на допир во подоцнежните фази. Оваа категорија ги вклучува: колачите, бисквитите, чоколадите и слатките грицки.

3.  Алкохол

Алкохолот е исто така на листата на забранети нешта, поради високата содржина на калории и токсини. Покрај тоа, алкохолот го зголемува оштетувањето на мускулите и кожните клетки. Алкохолот го намалува ефектот на делување на витаминот Ц, калциумот и цинкот во организмот, т.е. намален е ефектот врз разградување на мастите.

4.  Брза храна

Оваа храна е најдобар пријател на целулитот бидејќи содржи: адитиви, заситени масти и калории. Честото јадење брза храна предизвикува хаос во вашето тело и штетните состојки постепено се таложат под кожата. Колку повеќе јадете брза храна, толку повеќе ќе биде видлив целулитот.

5.   Преработена храна

Индустриски обработената храна треба да се избегнува најмногу што може. Тука влегуваат: лименките, кесите за супа, сосовите за тестенини, колбасите, сладоледот, соковите, грицките, бисквитите. Внимателни треба да бидете ѝ со лебот и брашното.

ХРАНА КОЈА ПОМАГА ВО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕЛУЛИТОТ

МЕСО

Доколку сте љубител на месо, најдобро е да јадете месо кое нема маснотии. Варено или печено месо.

РИБА

Рибата е извонредна замена за месото. Содржи помалку маснотии и е богата со лесно сварливи протеини. Како месото, најдобро е да ја варите или печете. Најдобар избор е: туната и лососот.

ОВОШЈЕ

Од овошјето најмногу се препорачува егзотичното овошје, во кое спаѓаат: бананата, ананасот, папајата или мангото кои се богати со витамини и растителни влакна, а со самото тоа имаат голема улога во борбата против целулитот. Состојката Папин која ја содржи папајата ја прави кожата мазна и еластична и е еден од најдобрите ензими кои ја поттикнуваат  циркулацијата и го забрзуваат метаболизмот.  Витаминот Ц го поттикнува настанувањето на колагенот, ензим кој дава еластичност на кожата.  Портокалите, лимонот и грејпфрутот се изборот на намирници кои барем еднаш дневно треба да се најдат на Вашето мени.

ЦЕЛЕР

Целерот е супер намирница кога е во прашање процесот на слабеење и борбата против целулитот. Помага при елиминирање на маснотиите во организмот, го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот, а со самото тоа ѝ го отстранува целулитот.

ЛУК И КРОМИД

Лукот и кромидот го спречуваат собирањето на вода под површината на кожата и отстранувањето на токсините. Имаат голема улога во борбата против целулитот, бидејќи се познати диуретици, кои се користеле уште од многу одамна.

ЗРНЕСТО ОВОШЈЕ

Зрнестото овошје содржи многу антиоксиданси кои му помагаат на организмот во елиминацијата на токсините кои се таложат под површината на кожата. Со елиминација на токсините, се зголемува крвната циркулација и се намалува целулитот. Во исхраната вклучете ги: јагодите, брусницата, малините, боровницата и останатото зрнесто овошје.

ЗЕЛКА

Зелката исто така содржи многу витамин Ц и е богата со влакна, магнезиум, железо, калциум, цинк. Помага во регулирање на метаболизмот и е одличен борец против вишокот на килограми и целулитот.

Дополнителни совети:

Во текот на денот, распоредете ја храната во пет редовни оброци ( никако да прескокнувате оброк, бидејќи тоа е идеална можност за формирање целулит). Навечер пробајте да не јадете после 18 часот, бидејќи телото тогаш користи помалку калории, секој вишок на храна (нездрава) се врзува во ткивата и се таложи во целулит.

Лошото варење (запекот) е одговорен за појава на целулит и за негов развој, па затоа внесувајте храна богата со влакна. Јадете и џвакајте ја полека храната.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.