Исхрана за Псоријаза

Псоријазата е широко распространета болест на кожата која иако не е заразна, е сериозно предупредување дека во организмот нешто не е  ред и дека треба да се воведе во менито одредена храна  за да се елиминира ова нарушување.

Ви препорачуваме диета за третман / намалување на проблемот: урамнотежена исхрана, коja може значително да помогне за да се надмине оваа болест.

Избор на храна

Менито треба да се состои од големи количини на разновиден зеленчук, овошје и цели зрна.

Зеленчукот треба да се јаде свеж, подготвен како салата. Добар избор се: морков, цвекло, целер корен и зелен зеленчук (спанаќ, магданос, зелена салата и зелка). Зеленчукот има благотворно влијание и помага во обновување на оштетената кожа. Одличен сојузник на сјајната кожа е тиквата, која може да се јаде варена или зготвена на пареа.  Месото најдобро е да се замени со печени компири.

Друга важна компонента во исхраната за третман на псоријаза е зголемен внес на течности. Неопходно е да се пие обична вода, но не помалку од 1,5 литри на ден. Исто така, ние препорачуваме свежи овошни сокови без шеќер. ЗАБЕЛЕШКА: Сок од домати не е дозволено.

Кај сите пациенти со псоријаза, прво што треба да се отфрли од храната се производите со многу холестерол, масти, протеини и прости јаглехидрати. Мора да се ограничи употребата на масно месо, колбаси, црн дроб, бубрези и путер. Луѓето кои имаат нарушен метаболизам, не им се препорачува да користат повеќе од 25 грама од овие производи дневно. Не јадете храна која содржи црвен пигмент (домат, кечап, црвени бобинки, како и храна која е со црвена боја).

Дозволено е да се јаде до 150 грама на ден: зајачко месо, мисиркино месо или чисто говедско месо варено или подготвено на пареа. Во време на акутната фаза на болеста, подобро е да се јаде вегетаријанска храна, а кога ќе настане подобрување, дозволено е на менито да се воведе блага супа со месо и други различни благи супа.

Пример мени:

Појадок: Каша од 150 грама рендан морков и 150 грама рендано јаболко, прелеана со 40 грама сецкани ореви.

Ручек: Измешајте 200 грама сирење со помалку маснотии, 150 грама варени компири со една лажица природен мед.

Попладневна ужина: 300 грама рендано јаболко или 2-3 парчиња диња и парче лубеница или банана, 150-200 грама јагоди, малини или капини.

Вечера: 150 грама бело месо и 100 грама брокула варена, со 200 грама салата од свежи краставици рендани.

Исхраната за третман на псоријаза е неопходно е да ја применувате најмалку 30 – 60 дена, но резултатите се веќе видливи по десет дена.

ЗАБЕЛЕШКА: Бидејќи тука станува збор за една исклучителна здравствена состојба која многумина од луѓето ја занемаруваат, нашиот совет е да појдете на лекар, бидејќи има решение за оваа кожна болест.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.