Воведување на цврста храна после 6-тиот месец

Воведување на цврста храна во бебешката исхрана е голем чекор, кој кај мајките предизвикува возбуда, трема и страв. Дали ќе му се допадне зеленчукот? Како ќе го поднесе месото и дали ќе му се допадне вкусот? Овие прашања и многу други мајките ги поставуваат, но нема причина за грижа, бидејќи преминувањето на цврста храна треба да биде една возбудлива фаза и за вас и за вашето бебе. На своето дете ќе му овозможите да запознае различни вкусови, а истовремено Вие ги поставувате темелите на здравата исхрана за целиот негов живот.

Многу дилеми и мислења има околу проценката на вистинскиот момент на воведување на цврста храна. Според Светската здравствена организација, бебето до шестиот месец треба да пие само мајчино млеко, бидејќи тоа е доволно калорично, кое ги содржи сите хранливи материи потребни за негов раст и развој. Но, доколку видите дека вашето бебе не го заситува мајчиното млеко (тука влегуваат и бебињата кои пијат ѝ адаптирано млеко), можете да воведете цврста храна малку порано, но никако пред да наполни 4 месеци (17 недели). До овој месец, дигестивниот систем на бебето не е доволно развиен за разградување на продукти од  различни групи на јадење. Прераното воведување на цврста храна може да предизвика алергија кај бебето.

Веќе од седмиот месец, кога ќе се потрошат резервите на железо, треба да воведете кашички. Секое бебе се развива со различно темпо, па ако бебето (врсник на вашето бебе) на вашата пријателка е подготвено за кашичка во петтиот месец, вашето можеби не е. Немојте да се грижите, вашето бебе ќе покаже кога е подготвено за нов чекор. Ако покажува интерес кога луѓето околу него јадат, ги става многу често прстите во уста после доење, се буди во текот на ноќта во време кога обично цврсто спие или пак побавно добива на тежина, се показатели кои укажуваат дека бебето не прима доволно калории за одржување на нормалното темпо на развој.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.