Мини пици

minipica

Состојки: 500 гр. брашно, 20 гр. квасец, 200 гр. Пица шунка, 100 гр. Моцарела сирење, 50 гр. Кечап, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка сол, малку бибер

Начин на приготвување: Се замесува тесто од брашното, квасецот (се става на страна во чинија да нарасне со 1 лажичка брашно и 1 лажичка шеќер), 3 дл млака вода и 1 лажичка сол. Се остава тестото на топло да нарасне двапати повеќе. Тестото се премесува се дели на 18 топчиња и се оставаат да стасаат уште 20 минути. Секое топче се формира, се мачка со кечап, се става шунка, малку ситни парчиња сирење, се става малку маслиново масло се посолува. Се редат пиците во подмачкано тавче, се печат на 220 степени, 20 минути.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.