Практични совети за нега на кожа

1. Кремата  нанесете ја во мали количини

Кога ја третирате кожата со крема, ставете малку и со лесно притискање и кружни движења втријте ја во кожата. Ако на кожата остане масен филм, тоа е знак дека сте нанеле премногу. Вишокот од кремата треба да го отстраните со хартиена марамица.

2. Најдобра нега на кожата се постигнува после нејзино чистење

Кремата за кожа најдобро делува кога ја нанесувате на чиста кожа, бидејќи тогаш порите на кожата се отворени, едноставно кожата “дише” и е подготвена за нејзино хранење.

3. Потребна е различна нега за различни делови од кожата

Најдобар пример е мешаниот тип на кожа на лицето. Т зоната ( чело, нос, брада) се третира на различен начин од другите делови од кожата на лицето.

4. Воспалената кожа треба посебно да се третира

При третирање на воспалена кожа, важно е да се придржувате до советите од специјалистот или вашиот дерматолог.

5. Посебен третман на кожа при алергии

Овде е важно да знаете на која компонента сте алергични. Тогаш можете да одберете крема која не ја содржи состојката на која сте алергични. Постојат хипоалергени производи кои не ги содржат познатите алергени, како што се: парфеми, конзерванси и вештачки бои.

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.