Познати ѕвезди повторно за AVON

Ферги со нов парфем и производи за коса, Ирина Шаик со револуционерна нова маскара

АVON, една од најголемите козметички компании во светот и во третиот квартал претставува производи заштитени со потписот на познатите. Поп-дивата Ферги која е заштитно лице на линијата за коса Advanced Techniques со нови препораки за летниот период, а по успешноста со Outspoken и Outspoken Intense, во последната кампања на AVON го лансира и својот нов парфем VIVA. Истовремено, рускиот супермодел Ирина Шаик е „лицето“ на новата маскара Super Drama, со што AVON уште еднаш потврдува дека создава производи наменети за силни, независни, успешни, секси жени и девојки подготвени за динамичен и урбан живот и на кои приоритет им е квалитетот на производот.

Ирина Шаик: Маскара Super Drama за драматичен изглед кој го запира здивот

Револуционерната четка и неверојатна формула обезбедуваат двоен ефект – волумен и должина. Потребна е само една минута за постигнување драматични резултати. Маскарата содржи силициумски микрочестици кои ги зголемуваат трепките, а четката како вентилатор истовремено ги подигнува и ги витка, така што ја нанесува маскарата на секоја трепка од коренот до врвот. Со ваква формула окото визуелно се зголемува до 21%.

Јас ја користам новата маскара на AVON Super Drama бидејќи го добивам тоа што ми треба. Волумен и должина. Многу лесно се нанесува и брзо се суши на трепките, што е многу важно за мене како личност во постојано движење. За моите обврски преку ден на хуманитарни цели нанесувам само еден слој од маскарата, а со нанесување на уште еден слој веднаш сум подготвена за вечерните излегувања на црвениот килим и модните писти“, изјави Ирина Шаик, руски супер-модел и заштитното лице за новата маскара Super Drama.

 

Ферги: Живеј по свои правила! Храбар нов парфем за неа – VIVA

Ферги повторно напаѓа, сега веќе по трет пат со парфемот VIVA, ексклузивно за AVON. Цветно свежа категорија, со свежи тревки, водни листови и бергам кои создаваат ефект кој ги оживува и освежува сетилата, додека жестоката лаванда зачинета со флорални и ментолни средни тонови обезбедува модерен контраст помеѓу машките и женските ноти, додавајќи длабочина и сензуалност на мирисот. VIVA од Ферги е дизајниран да ја поттикне бестрашната жена одвнатре и да ја прослави нејзината женственост.

Од првиот чекор на сцената пред толпа луѓе, Ферги има ветено дека ќе го живее животот во целост и дека ќе го живее по свои правила. Подготвена и одлучна да го освои светот, Ферги секогаш ги слушала своите инстинкти и си верувала на самата себе си, што ѝ помогнало да биде жената која е денес. Со VIVA нејзините обожаватели се охрабрени да го зграпчат денот и да живеат по своите правила – исто како и Ферги.

Парфемот е свеж и неочекуван. Секси смел спој на ноти кои ги потенцираат квалитетите на жената. VIVA жената е моќна, а сепак заводлива. Таа го живее животот по свои правила. Женствен. Еманципиран. Неконвенционален, невообичаен“, вели поп-дивата Ферги.

 

Со Мароканското Масло од Арган до 5-те знаци на здрава коса

Мароканското Масло од Арган за нега на сите видови на коса е дел од колекцијата на Advance Techniques која сега е збогатена со едно од светски најретките масла кое потекнува од југозападниот дел на Мароко. Аргановото дрво е загрозен вид во Северна Африка, а неговото масло со векови е познато по неговите корисни својства и по мултифункционалноста во козметичките производи. Неговата формула со провитамин Б5, витамин E, Омега 3 и Омега 9 помага во потхранувањето, притоа обезбедувајќи ги 5-те знаци на здрава коса: обновена цврстина, сјај за еден миг, неодолива мекост, свиленкаста мазност и совршена скротливост.

 

„ Бидејќи отсекогаш сум испробувала нови стилови, за мене многу е важно да го задржам здравјето на мојата коса, така што ќе изгледа најдобро во секое време. Кога сум на турнеи со недели, мојата коса навистина почнува да ја чувствува штетата од постојано фенирање и постојано долго работење. Третманот на линијата за нега на коса Advance Techniques ми помага да го продолжам нејзиниот  живот, а режимите се толку едноставни за следење“, рече Ферги, заштитното лице на Advance Techniques.

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.