Нов метод за чистење на лакот од нокти

Доколку уживате да ги третирате постојано своите нокти, нанесувајќи лак за нокти во различни бои, сега имате можност да го менувате лакот почесто од вообичаеното, бидејќи постои еден нов начин на чистење на лакот од ноктите. Целата процедура трае околу 5 минути и е прилично едноставна и интересна.

Погледнете како се применува:

1. Прво, земете одстранувач на лак за нокти (без ацетон):

2. Земете парче памук:

3. Развлечете го памукот:

4. Разделете го на два дела:

5. Овие два дела поделете ги на 12 поголеми парчиња, т.е. од еден дел направете 6, но внимавајте да не го туткате памукот, тој треба да биде растресен:


6. Одстранувачот на лакот за нокти ставете го во мала чаша:

7. Земете едно памукче и само допрете ја малку течноста и кренете го нагоре. Немојте да го потопувате целото памукче, бидејќи течноста ќе почне да ви тече по рака и тогаш ќе ви биде непријатно:

8. Ставете го памукчето на ноктот:

9. Така направете со сите нокти и оставете да делува 1-2 минути:

10. Едноставно одстранете го памукот од ноктот:

11. Исто направете и со останатите нокти:

Сè што е ново, вреди да се проба!

Па, девојки со среќа!

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.