Ако стомакот ви е како лубеница, значи носите девојче

Многу идни родители со нетрпение чекаат да дознаат дали ќе имаат ќерќичка или синче. Радоста е голема, без оглед кој е полот на детето. Денеска со еден ултразвук може да се утврди полот на бебето, но праксата покажала дека не секогаш е точна оваа информација. Затоа постојат многу „бабини“ методи и предзнаци, знаења и предзнаења кои се пренесуваат од уста на уста, од „колено“ на „колено“ и  некогаш ја „кажуваат“ вистината.  Едно популарно толкување е дека стомак како шпиц е знак дека носите машко дете, а стомак во форма на лубеница е најверојатно знак за девојче.

Прочитај повеќе »

Најново истражување: Млечните заби на децата треба да се чуваат

mlecen zabКога на детето ќе му падне млечно запче, многу родители прават одредени ритуали. Паднатото запче го чуваат под перница, а самовилата го зема во текот на ноќта и му остава на детето паричка…Некои родители, запчето го фрлаат на кров од куќа, за да биде цврсто како керамика…Традиција која е забавна за целото семејство. 

Прочитај повеќе »

Видео: Не го врзувајте детето во седиште за кола со зимска јакна

Во текот на зимскиот период, кога се возите во автомобил, нормално е децата да седат со јакна, како што седеле до сега, но откако ќе го гледате видеото, веруваме дека ќе почнете да ги применувате советите кои ги даваат стручните лица, учесници во ова видео.

 

Решение за децата кои се разболуваат често

bs_tenwaystohealth_3Кога започнува зимата еден од најголемите нервози кај родителите е честото разболување на децата. Вируси, настинки, инфекции, бактерии во нос и грло, постојано растечен нос, кашлање, болка во уво, црвено грло, високи температури …Некои деца се поотпорни на болести, но најголем број на дечиња, на жалост се под антибиотска терапија, која и тоа како го намалува имунитетот на детето.

Прочитај повеќе »

Колку возраста влијае врз забременувањето?

ZabremenuvanjeКолку сте постари, толку повеќе се намалува можноста за забременување. Ова се должи пред сѐ на тендецијата да јајце клетките стареат и губат на квалитет, а ова значи помал број од нив се во можност да се сретнат со некој сперматозоид и да се оплоди некоја јајце клетка.

Прочитај повеќе »

5 грешки кои ги прават родителите: Како бебето да ја преспие цела ноќ?

moebebe.mk

И на родителите не им е лесно, особено ако очекуваат бебето да спие цела ноќ. Најчесто новопечените родители прават грешки кога станува збор за редоследот на спиење на бебето. Има бебиња кои ја преспиваат цела ноќ, но тие се ретки.

Прочитај повеќе »

Знаци за паника ако бебето не мрда во стомак

Znaci za panika ako bebeto ne mrda vo stomakПостојат неколку знаци кои ќе ви укажат дека треба да се појдете кај Вашиот гинеколог:

– Легнете на страна, во текот на два часа треба да почувствувате 10 или повеќе одвоени движења на бебето

Прочитај повеќе »

Дали да го бањате бебето секој ден

Moebebe bananje na bebetoСигурно мајките барем еднаш си го поставиле ова прашање, дали навистина е потребно да се бања бебето секој ден.

За ова прашање, постојат различни мислења и ставови од страна на педијатрите. Порано се верувало дека со секојдневното бањање бебето расте, но денес експертите предупредуваат, појавата на егзема со генерации наназад е резултат на секојдневното третирање на нежната бебешка кожа со вода и козметика.  Според нив, ако станува збор за новороденче, доволно е да се бања 2-3 пати неделно за да биде чисто. Некои бебиња уживаат и се релаксираат во топла вода, додека пак други, плачат и се надразнуваат,затоа Вие се тука да процените кога е најдобро да го бањате своето бебе. Доколку бебето е настинато, топлата вода со малку морска сол ќе го одзатне носето и ќе го смири бебето.

Прочитај повеќе »

Кога бебето да почне да пие вода

Бебе и водаВо првите шест месеци од животот на бебето не се дава вода, ова се препораки од Светската Здравствена Организација кои родителите во поново време ги применуваат, т.е. своите доенчиња ги хранат исклучиво со мајчино млеко или адаптирано млеко. 

Според последните истражувања од Светската Здравствена Организација (СЗО), докажано е дека мајчиното млеко е најздравиот и најдобриот оброк за доенчето, кое освен хранливи состојки содржи и голем процент на вода. Затоа мајчиното млеко или адаптираното млеко треба да биде храна и течност во првите шест месеци. 

Прочитај повеќе »

Припремете ги вашите деца за почетокот на новата учебна година

Припремете ги вашите деца за почетокот на новата учебна годинаЕуфоријата започна. Во тек се последните подготовки за на училиште. Родителите на малите и големите ученици се растрчани по продавници, некои по школски прибор, други по нова облека и чевли.

Покрај сите обврски, родителите треба да се погрижат децата полесно да се привикнат на работната рутина во училишните денови.

Еве што треба да направите:

Прочитај повеќе »

Која крвна група ќе биде Вашето дете?

MoebebeСпоред присуството на одредени протеини на површината на црвените крвни зрнца (еритроцити), крвта е поделена во 4 крвни групи, А, Б, АБ и О крвна група. Крвните групи А и Б се доминантни во однос на О крвна група.

Луѓето со крвна група О (нулта) не смеат да примаат крв од крвна група А, Б и АБ. А, оние со крвна група АБ не може да даваат на луѓе со крвна група А, Б и О. Луѓето со крвна група О се универзални давачи на крв, (даваат крв на сите останати групи, а примаат само од луѓе со О крвна група), додека пак, за луѓе со крвна група АБ се вели дека се универзални примачи на крв од сите групи.

Прочитај повеќе »

Како сами да ги намалите отоците во бременоста

Како сами да ги намалите отоците во бременостаТоплото време, солената храна и газираните пијалоци се едни од главните причинители за појава на отоци во бременоста. Постојат неколку работи кои можете сами да ги применувате за да ги намалите отоците кои сигурно ве мачат во овие жешки денови.

Задржувањето на течности во телото за време на бременост е нормална појава, која подразбира тешко движење, болки во нозете и рацете, непријатност, но и можен показател дека трудницата има висок крвен притисок, недоволна циркулација на крвта или прееклампсија.

Прочитај повеќе »

Што треба да содржи летната аптека за безгрижен одмор

Што треба да содржи летната аптека за безгрижен одмор Лето е. Сигурно многумина од Вас веќе се подготвуваат за летниот одмор. Правите списоци, кроите планови, избирате дестинација, но постојано само едно Ви се врти во глава: „Што ако заборавам нешто“. Многу прашања отвораат дилеми што да понесете, но Вие сепак на крајот ја носите половина куќа со себе. За безгрижно семејно летување, најважно од сè е со себе да ги понесете соодветните лекови за прва помош. Вашата летна аптека треба да содржи:

Прочитај повеќе »

Омега-3 масните киселини важни за трудници со кардиоваскуларни проблеми

Омега-3 масните киселини важни за трудници со кардиоваскуларни проблемиСпоред едно истражување спроведено од страна на австриски научнци, се покажало дека оние трудници кои земале дополнително омега-3 масни киселини, имаат помала шанса од предвремено породување, но и поволно влијае врз менталниот и физичкиот развој на децата, како и врз развојот на способноста за говорење.

Прочитај повеќе »

Распоред на вашата тежина во бременоста

Тежина во бременостВо првото тромесечие кое трае од 0-12 недела, нормално е да се добијат 1-2 килограми. Во второто тромесечие кое трае од 12-28 недела, нормално е да се добијат 300-400 грама неделно. Во третото тромесечие кое трае од 29-40 недела нормално е да се добијат 1-2,5 килограми месечно.

Прочитај повеќе »

Како најлесно да пресметате кој месец и недела сте од бременоста

бременост пресметкаПорано жените бременоста ја пресметувале во месеци. Па, и денес многу често жените самите си пресметуваат, каде знаат да кажат: „ Бремена сум четири месеци, но сега ќе влезам во петти месец“ или пак, „ Сега сум во деветти месец“.

Докторите бременоста ја водат по недели. Целата бременост е распоредена во 40 недели или вкупно 280 денови. Неделите се пресметуваат многу лесно:

–       Првиот ден од Вашата последна менструација е и првиот ден од Вашата бременост. Првата недела од Вашата бременост сте имале менструација, во втората недела сте имале овулација и во третата недела доаѓа до оплодување на јајце-клетката.

Прочитај повеќе »

Храна богата со фолна киселина

Храна богата со фолна киселинаФолната киселина треба да се внесува во доволни количини доколку сакате да забремените или сте на почеток од вашата бременост. Во прилог следува храна која е богата со фолна киселина и која треба да ја вклучите во вашето секојдневно мени.

 

 

 

 

 

Прочитај повеќе »

10 работи кои ве нервираат што Ви се случуваат во бременоста

10 работи кои ве нервираат што Ви се случуваат во бременоста1. Се ​​чувствувате најлошо од било кога до сега и никој тоа не може да го разбере како што треба. Првиот триместар носи утрински мачнини, повраќање, вртоглавици, запек, бескрајно развиено сетило за мирис и кој знае уште што се ви пречи и недостасува.

2. Ќе, речеме дека ви се јаде се живо и диво, но во исто време и ви се лоши и повраќа. Страшно ве нервира ова и одвај чекате да помине овој период од бременоста…во надеж дека ќе помине, си се тешите самата и затоа ве нервира се што се наоѓа околу Вас.

Прочитај повеќе »

3 најважни работи кои треба да ги знае детето за парите

Детето и паритеНикогаш не е премногу рано да започнете да ги учите Вашите деца за значењето и користењето на парите. Всушност , Вие сте тие кои треба да ги научите да ги ценат парите и да ги користат паметно. Сигурно од многу мали разбираат дека за да добиеш некој продукт од продавница треба да дадеш пари, но нивната вредност не можат да ја разбираат се додека не се вклучите Вие, т.е. не ги научите на неколку основни правила кои и тоа како ќе ги запаметат децата.

Прочитај повеќе »

Дали може да се спречи гестацискиот дијабетес уште пред да се појави?

Дали може да се спречи гестацискиот дијабетес?Гестациски дијабетес во бременост може да се појави помеѓу 24 и 28 недела од бременоста. Се појавува поради хормонот инсулин. Овој хормон се создава во панкреасот и е одговорен за нормално искористување на шеќерот од крвта (глукоза) и за негово трошење како извор на енергија во организмот. Додека се формира плацентата, во телото на жената се произведуваат хормони кои му помагаат на бебето да ги спроведува сите витални функции преку плацентата. Нивото на овие хормони посебно се зголемува при крајот на второто тромесечие од бременоста, кога бебето расте побрзо во однос на првото тромесечие, и може да предизвика потешкотии во движењето на глукозата во крвта.  

Прочитај повеќе »

Гестациски дијабетес

Гестациски дијабетесВо текот на бременоста кај одреден процент од жените се развива една форма на дијабетес  која постои само додека жената е бремена, иако никогаш порано трудницата немала проблеми со шеќерот во крвта.

Постојат неколку фактори кои укажуваат на веројатноста дека трудницата ќе  добие гестациски дијабетес:

Прочитај повеќе »

Задолжителни прегледи во бременоста

МоебебеНајчесто жените одат на лекар кога ќе направат домашен тест за бременост и кога ќе почнат да ги чувствуваат првите симптоми на бременоста. Во текот на бременоста потребно е да направите 10 прегледи: 3 во првото тромесечие 3 прегледи, во второто тромесечие 3 прегледи и во третото тромесечие 4 прегледи.

Прочитај повеќе »

Бременост: 29 недела

Бременост: 29 неделаБебето е тешко 1250 грама, а долго 26 см. (мерено од темето до задникот).

Бебето е доста активно. Ноктите на рацете и нозете растат, има сè повеќе коса на главата и влакненца по телото (во вид на мов). Очите му се отворени и може да трепка. Телото на бебето сега произведува крвни зрнца од сопствената коскена срж, наместо од слезината. Станува се попаметно, бидејќи во овој период неговиот мозок многу брзо расте и се развива.  Истражувањата покажуваат дека во оваа недела треба да внесувате повеќе протеини кои се многу важни за нормален развој на мозокот.  Затоа јадете повеќе млечни производи, месо, риба и грав.

Прочитај повеќе »

Бременост: 28 недела

Бременост: 28 неделаБебето е тешко околу 1.100 грама, а долго околу 25 см. Сега има големи шанси да преживее во случај на предвремено породување, бидејќи може да вдуше воздух, а централниот нервен систем е доволно развиен за да може да го контролира дишењето и да ја регулира телесната температура.

Вие ќе имате потреба за внесување на поголема количина на течности. Најверојатно ќе забележите дека количината секрет почнува да се намалува. Киселата природа на овој секрет, Вас ве штити од инфекции. Носете памучен долен веш и влошки по потреба.

Прочитај повеќе »

Бременост: 27 недела

Фетусот е тежок 1.000 грама, а долг околу 24 cm (мерено од тилот до задникот).

Бременост: 27 неделаКонечно започнува третото тримесечје! Бебето сега има добри шанси да преживее ако се роди предвреме. Очите на бебето се отворени. Кожата се уште по малку е збрчкана, но секој ден се повеќе и повеќе се исполнува. Сега можете да го слушнете многу подобро отколку од пред неколку недели. При раѓањето, вашето бебе веројатно ќе го препознае вашиот глас и гласот на вашиот партнер. Затоа сега е идеално време да започнете да му говорите и да му пуштате музика, тоа ќе слуша и ќе си ужива.

Прочитај повеќе »

Како да се справите со настинката т.е. грипот

Како да се справите со настинката т.е. грипот Во тек е сезоната на ширење на респираторни инфекции, т.е. на настинките и грипот. Најголема причина за овие болести се вирусите. Повеќе од 200 различни видови на вируси може да предизвикаат настинка, особено во зимскиот период, кога имунитетот на човекот е намален.

Прочитај повеќе »

На која возраст е најдобро жената да роди прво дете?

На која возраст е најдобро жената да роди прво дете?Постојат истражувања и различни студии на оваа тема. Според социологот Џон Мировски од универзитетот Тексас, според биолошкиот часовник, најдобри години за раѓање дете, се доцните тинејџерски години или раните дваесетти години. На оваа возраст, јајце клетката е најсвежа и репродуктивниот систем го достигнува својот врв.

Прочитај повеќе »

Како природниот сок го лечи и прочистува организмот

Како природниот сок го лечи и прочистува организмот Нездравиот начин на исхрана, недоволната физичка активност, стресот и уморот, се најголемите причинители за појава на слабост и болест на организмот. Генерално земено, луѓето најмногу јадат индустриска храна и храна од животинско потекло. Брзото темпо на живеење, работењето до доцна навечер, како и недоволниот сон се уште една дополнителна причина која најчесто не принудува да се пожалиме на главоболка, болка во мускулите или коските, запек или подуеност на стомакот и сл.

Прочитај повеќе »

Развојот на фетусот зависи ѝ од исхраната на таткото

Развојот на фетусот зависи ѝ од исхраната на таткотоКанадски научници дошле до заклучок дека развојот на фетусот зависи од исхраната како на бремената жена, така и од исхраната на таткото.

Бремената жена треба да има доволно количество на витамин В9. Овој витамин го има во зелен зеленчук, овошје, месо и житни растенија. Тој е неопходен витамин кој женаta ја штити од абортус и од вродени дефекти кои можат да се појават кај фетусот.

Прочитај повеќе »

Какви промени трпи женското тело после бременост

Какви промени трпи женското тело после бременостПрвите недели после бременост, телото на жената се менува. Постојат неколку клучни промени кои ги доживува скоро секоја жена:

1.    Губење на косата или нејзина промена

Неколку недели по породувањето, може да почнете да губите поголеми количини на коса. Просечен човек губи 100 влакна на ден, но во текот на бременоста жената губи многу помалку, поради беснеењето на хормоните. Во првите шест месеци после породувањето, хормоните полека се стабилизираат, но телото мора да го исфрли вишокот на коса и поради тоа започнува косата поинтензивно да паѓа. Оваа состојба е минлива, па затоа нема причина за загриженост, бидејќи косата се враќа во својот нормален циклус на раст.

Прочитај повеќе »

Аронијата спречува вируси и бактериски инфекции

Аронијата спречува вируси и бактериски инфекцииАронијата е зрнесто овошје, по изглед многу слично на боровинките. Потекнува од источниот дел на Северна Америка. Поради големата лековита моќ, станува доста популарна, така што многу брзо започнува да се одгледува ширум цела Европа.

Сè уште не е доволно позната помеѓу балканскиот народ. Многумина од Вас можеби ја имаат и во својот куќен двор, а немаат доволно информации колку е всушност лековита и здрава да се консумира.

Ова зрнесто овошје уште се нарекува и „сибирско овошје“, бидејќи може да живее и дава плод ѝ на многу ниски температури (-60 целзусови степени).

Прочитај повеќе »

Знаци за паника во бременоста

Знаци за паника во бременоста Голем е бројот на трудници кои се вознемируваат при секоја најмала болка. Сепак, има и жени кои ги игнорираат знаците за предупредување, мислејќи дека се нормални симптоми во бременоста.

За да не ве фаќа паника, најдобро е да ги научите можните симптоми кои се појавуваат во бременоста и бараат итна посета на лекар.

Прочитај повеќе »

Дали е безбедно да се патува со авион во третото тромесечје?

Дали е безбедно да се патува со авион во третото тромесечје?Иако ова би можело  да биде совршено безбедно  патување за вас во текот на вашиот трет триместар (до 36 недела), потребно е да разговарате за вашето патување со вашиот гинеколог пред да ја резервирате картата за вашиот лет. Во некои високо- ризични случаи, лекарот може да ви советува да останете блиску до дома во текот на вашата бременост.

Прочитај повеќе »

Бремени жени патувајте удобно со автомобил

Бремени жени патувајте удобно со автомобилЗа време на бременост, не се препорачува седење подолго време на едно место, бидејќи може да дојде до отекување на стапалата и до појава на грчеви во нозете. При патување на подолги релации со автомобил, важно е да се подготвите и да правите чести паузи.

Прочитај повеќе »

Бременост: 26 недела

Бременост: 26 неделаФетусот е тежок околу 850 грама и долг е 23 см (мерено од темето до задникот).

Бебето сега има повеќе коса на главата. Бебето полека станува пополничко, но кожата се уште му е набрчкана, бидејќи  нема доволно сало. Кожата е многу тенка, па затоа можат  да се видат крвните садови под кожата.

Помеѓу 26-та и 29-та недела, бебето двојно ќе порасне и ќе добие околу 400 грама на тежина.

Прочитај повеќе »

Бременост: 25 недела

Бременост: 25 неделаФетусот е тежок околу 700 грама и 22 см е долг.

Просторот во матката веќе почнува да станува тесен и бебето нема да може многу да се врти.  Веќе бебето има трепки,  наскоро ќе може да ги отвори очите. Ноктите на рацете и на нозете веќе се имаат појавено.

Прочитај повеќе »

Бременост: 24 недела

Бременост: 24 неделаФетусот е тежок околу 530 грама и околу 21 cm долг (мерен од темето до задникот).

Бебето продолжува да расте и е помалку тенко и збрчкано. Внатрешното уво сега е целосно развиено и бебето има чувство за ориентација кога се врти во стомакот.

Прочитај повеќе »

Бременост: 23 недела

Бременост: 23 неделаФетусот е долг околу 20 см и тежок околу 450 грама.

Кожата на бебето сè уште е прозирна и со розевкаста боја. Нема доволно сало, па затоа целото тело му е збрчкано. Меките влакненца сè уште го покриваат целото тело. Бидејќи нервните влакна почнуваат да се поврзуваат,  движења на бебето стануваат се повеќе координирани, и некаде во овој период почнува да реагира на звуци и музика.

Прочитај повеќе »

Бременост: 22 недела

Бременост: 22 неделаВо оваа недела од бременоста, фетусот има 5 месеци. Фетусот е долг 19 cm (мерено од врвот на главата до задникот) и тежи околу 350 грама.

Бебето сега веќе има веѓи и можно е да има коса на главата. И понатаму продолжува да добива во тежина. Ако бебето е момче, тестисите се формираат и почнуваат да се спуштаат од внатрешноста на телото во скротумот, но сè уште се наоѓаат во стомакот. Бебето почнува да го користи својот сопствен имунолошки систем кој го штити од инфекции.

Прочитај повеќе »

Бременост: 21 недела

Бременост: 21 неделаФетусот е долг околу 18 см и тежок околу 300 грама.

Во овој период, бебето не расте многу брзо, но неговото тело станува сè повеќе пропорционално. Тоа изгледа прилично слабичко, но во наредните недели, се очекува вашето момченце или девојченце значително да почне да добива на тежина. Во стомакот сè уште има доволно простор за вртење. Бебето започнува да ги применува техниките на дишење, дури може да започне да го цица својот прст.

Прочитај повеќе »

Кога циркулацијата на крвта во телото прераснува во проблем

Кога циркулацијата прераснува во проблемШто е циркулација на крвта?

Циркулацијата на крвта во организмот е клучот за живот. Преку циркулацијата на крвта се врши пренос на кислород и хранливи материи до сите ткива, хранејќи ги сите телесни клетки, овозможувајќи им ослободување од отпадоци. Човековиот циркуларен систем се состои од стотици километри долги крвни садови во кои се вмрежени сите органски системи.

Прочитај повеќе »

Ретка болест со генетско потекло – РЕТТ СИНДРОМ

Ретка болест со генетско потекло - РЕТТ СИНДРОМШто е РЕТТ Синдром?

Мутација на МеЦП2 протеинот што претставува и молекуларно генетичка потврда на дијагнозата РЕТТ СИНДРОМ.

Поаѓајќи од фактот дека РЕТТ СИНДРОМОТ спаѓа во групата на ретки болести и знаејќи дека раното дијагностицирање на оваа болест, која е од генетско потекло е услов за ефикасно продолжување на животниот век на заболените од оваа ретка болест.

Прочитај повеќе »

Емулгатори кои се додаваат во храната што ја купуваме

Емулгатори кои се додаваат во храната што ја купувамеЕмулгатори кои не штетат по здравјето на луѓето

Емулгатори од групата Е: од 100 до 111. Е:121, 122, 126,130, 132, 140, 151, 152, 160, 161, 162, 163, 170, 174, 175, 181, 201, 202, 203, 236, 237, 238, 260, 261, 262, 263, 270, 280, 281, 282, 290, 300, 301, 303, 304, 305, 306, 307, 308, 309, 322, 325, 326, 327, 331, 332, 333, 334, 335, 336, 337, 382, 400, 401, 402, 403, 404, 405, 406, 408, 410, 411, 413, 414, 420, 421, 422, 440, 450, 471, 472, 473, 474, 475.

Прочитај повеќе »

Повеќе сонце, за поголема плодност

Повеќе сонце, за поголема плодностСигурно многумина од вас за прв пат слушаат дека сонцето може да биде предизвик за плодност.

Според истражувањето на група научници од Австрија, плодноста може да се зголеми како резултат на витаминот Д кој се произведува во кожата кога телото е изложено на сонце.

Прочитај повеќе »

Прв породилен период: ПРВА ФАЗА – Рано породување

Прв породилен период: ПРВА ФАЗА - Рано породувањеОваа фаза е најдолгата, но за среќа, најмалку интензивната фаза на породувањето. Грлото на матката полека почнува да се израмнува и отворањето до 3 см може да трае од неколку дни до неколку недели, без некои забележливи контракции и пречки. Кај некои жени сето ова може да трае 2 -6 часа пред активното породување.

Прочитај повеќе »

Породилни периоди

Породилни периодиСекоја бремена жена породувањето го доживува на различен начин. Многу малку жени се породуваат како што пишува во книга – со слаби контракции на почетокот, кои се засилуваат постепено и правилно сè до напоните. Како што за трудницата е корисно да знае што може да очекува додека чека бебе, така корисно е да знае и како изгледа типичното породување.

Прочитај повеќе »

Кога и како да се воведе мед во исхраната на детето

Кога и како да се воведе мед во исхраната на дететоМедот е природна храна со пријатен мирис и вкус. Содржи прости шеќери, витамини, минерали, ензими и делува позитивно на апетитот и перисталтиката. Децата треба да јадат мед наместо шеќер. Поради можна појава на алергија, треба да се внимава кога се воведува медот во исхраната на детето, особено во семејства каде има изразена преосетливост на храна или алергии.

Прочитај повеќе »

Не држете го детето под стаклено ѕвоно

Не држете го детето под стаклено ѕвоноКога за прв пат ќе станете мајка, постојано ќе мислите дека вашето бебе е изложено на опасност. На самиот почеток, мајките стравуваат за животот на своето малечко, па дури многу често по цели ноќи не спијат, плашејќи се да не му се случи нешто на нивното бебенце.  Како ќе расте  бебето,  тоа ќе има моменти кога ќе кива, ќе се закашлува, ќе му се растечкува носот, ќе повраќа, ќе плаче силно и слични моменти кои ќе предизвикуваат немир кај мајката која сигурно ќе посака да направи еден  заштитнички оклоп околу своето малечко кое ќе го чува од лошо.

Прочитај повеќе »

Истражување: Спомените до 3 годишна возраст никој не ги памети

Истражување: Спомените до четири годишна возраст никој не ги паметиНаучниците веќе долго време се прашуваат зошто луѓето не се сеќаваат на ништо што се случило пред  да наполнат 3 години. Сигурно како родител сте пробале да го потсетите своето дете за некој значаен настан во неговиот живот, на пример, дали се сеќава на својот втор роденден или дали го памети денот кога тргнало во градинка и секако неговиот одговор бил: НЕ.

Прочитај повеќе »

Придобивки и можни ризици од вагинално породување наспроти повторно породување со царски рез

Придобивки и можни ризици од вагинално породување наспроти повторно породување со царски резПородување по природен пат претставува раѓање без потребни медицински интервенции, како на пример, царски рез, епидурална или спинална анестезија, користење лекови за поттикнување на трудови (провокации) и сл. Овие интервенции имаат свое место и причина кога се користат, т.е. се применуваат кога ќе се појават проблеми т.е одредени компликации.

Прочитај повеќе »

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.