Ајде мамички, раскажете ја својата приказна, споделете го своето искуство, дајте совет на некоја неискусна мамичка, помогнете си меѓу себе и дружете се!

Тема на месецот:

Како ги изгубив килограмите после бременоста?

Раскажете како се храневте, дали вежбавте, споделете го вашиот метод  за витка линија, помогнете им на другите мамички да ослабнат. Може да пратите и фотографија од вашиот изглед пред/потоа.

Праќајте е-маил на kontakt@moebebe.com.mk


Важно: со самото испраќање на содржината на текстовите, вклучувајќи ги и вашите фотографии, вие, го одобрувате нивното објавување.






Приказна од животот со деца: Ако ти ја залепам една…

Kolumna-moebebe.mkВо мое време имаше ред. Се знаеше, родителите беа законот, а нивниот збор беше последен. Бабите и дедовцте ги слушавме без никаков проблем, така се очекуваше од нас и така се однесувавме. Се сеќавам, баба ми не чуваше сите четири внуци…јадевме кришки леб со кисело млеко наросени со црвен пипер, тоа ни беше ужина. Ако бевме послушни на крајот од денот добивавме по едно лижавче или чоколадо блог-еурокрем. Кога ќе побарав нешто екстра благо за јадење, добивав одговор, утре ќе одиме во Луна парк ќе добиеш шеќерно јаболко. Па, нормално беше да чекаш до утре.

Прочитај повеќе »

Како да го прославите Денот на вљубените

14 -ти Февруари е посебен ден за многу вљубени парови, ден кој подразбира ИЗНЕНАДУВАЊЕ за саканиот/ната….

Прочитај повеќе »

ПИСМО ОД МАМИЧКА: Дебела, а згодна

ПИСМО ОД МАМИЧКА: Дебела, а згоднаЗдраво за тимот од Моебебе (супер сте, ве обожавам и редовно ве читам) и здраво за сите мајки кои не ослабнале после породување. Јас имам синче кое има 4 години. Во текот на бременоста се поправив околу 20 килограми. По породувањето ми останаа вишок околу 10 килограми кои до ден денес се мачам да ги симнам. Имам убав живот, живеам во среќно семејство кое ми значи најмногу од сè. Пред некој ден бев на кафе со една пријателка…и… знаете како изгледа разговор меѓу две жени кога зборуваат за диети и слабеење… и што заклучив:

Прочитај повеќе »

7 чекори кој ветуваат слабеење без последици по здравјето

7 чекори кој ветуваат слабеење без последици по здравјето„Од понеделник сум на диета“. Ова е една од најчестите реченици кои си ја кажуваат оние кои мака мачат да ослабнат, т.е. да стопат некое килце. Дали навистина ќе направите промени во вашата исхрана, најмногу зависи од вашиот карактер. Многумина почнуваат да се хранат според некоја пишана диета и доколку само малку ја погрешат, се враќаат повторно на почеток, т.е. ја прекинуваат диетата и продолжуваат со консумирање на обилни (најчесто јадат доцна навечер) и нередовни оброци. Времето поминува, а Вие сеуште мака мачите вртејќи се во еден магичен круг од кој нема излез.

Прочитај повеќе »

Диета 90 дена

Диета 90 денаЦелта на оваа диета, покрај намалувањето на килограмите е да доведе до промени на метаболизмот, со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат.
Диетата трае 90 дена и за тоа време се ослабнува од 18-25 кгр. Ако е потребно да се намалат помалку килограми, диетата може да се прекине, ама тогаш нема да дојде до промена во метаболизмот.

Прочитај повеќе »

Приказната за МАМА

Приказната за МАМАСи беше едно дете кое се подготвуваше да излезе од утробата на мајката и да дојде на свет.

Еден ден детето го запраша господ:

„Господе ми рековте дека утре ќе ме испратите на светот, но јас сум толку ситен и немоќен, како ќе живеам таму“?

Бог му одговори:

„Од сите ангели избрав еден само за тебе. Тие ќе те чекаат ќе те чуваат. Секој ден ќе пеат и ќе ти се смеат, така ќе ја осетиш нивната љубов и ќе бидеш среќен“.

Прочитај повеќе »

Како да бидете подобра снаа, односно свекрва

snaa svekrva

Бидете подобра снаа

Бидете подобра свекрва

Прочитај повеќе »

Што е она што никогаш не треба да ѝ го кажете на свекрвата

Што е она што никогаш не треба да и го кажете на свекрватаОдносот меѓу свекрвата и снаата по „правило“ е секогаш комплициран, дури во одредени ситуации и тежок. Одамна се верува дека овие две жени не можат заедно да функционираат. Секако, за ова ќе кажеме дека не е така, но многу често се појавуваат одредени кавги и негодувања за кои потребно е да „решаваат“ синовите, т.е. сопрузите.

Прочитај повеќе »

Совети за среќен брак

Совети за среќен бракКомуникација – е еден од најважните клучеви за здрав и среќен брак. Во секој брак има проблеми за кои треба да се разговара со партнерот. Немојте да се затворате во себе, така нема да го решите проблемот кој ве мачи. Секогаш треба да бидете подготвени да слушате. При разговорот вклучете го своето целосно внимание.

Прочитај повеќе »

Кога циркулацијата на крвта во телото прераснува во проблем

Кога циркулацијата прераснува во проблемШто е циркулација на крвта?

Циркулацијата на крвта во организмот е клучот за живот. Преку циркулацијата на крвта се врши пренос на кислород и хранливи материи до сите ткива, хранејќи ги сите телесни клетки, овозможувајќи им ослободување од отпадоци. Човековиот циркуларен систем се состои од стотици километри долги крвни садови во кои се вмрежени сите органски системи.

Прочитај повеќе »

План за летен одмор со дете

План за летен одмор со детеЛето е. Сигурно многумина од Вас веќе се подготвуваат за летниот одмор. Правите списоци, кроите планови, избирате дестинација, но постојано само едно Ви се врти во глава: „ Што ако заборавам нешто“. Многу прашања отвораат дилеми што да понесете, но Вие сепак на крајот ја носите половина куќа со себе.

Прочитај повеќе »

Мохито за деца и трудници

Мохито за деца и труднициПотребни состојки:

75 мл. сок од јаболко

75 мл. кисела вода

1 зелен лимон

2 ливчиња од нане

1 лажичка ванилин шеќер

Прочитај повеќе »

КАРДИОЛОШКА ДИЕТА (Ослабете 10 килограми за 15 дена)

КАРДИОЛОШКА ДИЕТА (Ослабете 10 килограми за 15 дена)Со оваа диета можете да ослабнете 10 – 15 килограми, доколку правилно ја применувате.

Појадокот е ист за сите денови:
1 овошје (освен банана и грозје), 1 двопек, кафе или чај без шеќер

Прочитај повеќе »

БРЗА ДИЕТА (5 Килограми помалку за пет дена)

БРЗА ДИЕТА (5 Килограми помалку за пет дена)Со оваа диета можете да ослабете за кратко време, но можна е појава на јо-јо ефектот, па затоа се препорачува по завршувањето на диетата да внимавате на исхраната за да не ги вратите изгубените килограми.

Прочитај повеќе »

ФОТОГАЛЕРИЈА: Креативни идеи за декорирање на велигденски јајца

Боењето на јајцата по повод големиот празник Велигден, за многу домаќинки претставува посебен момент, особено ако ги боите, украсувате или цртате во различни бои и на различни начини. Ако внесете малку креативност, јајцата ќе бидат ваше ремек дело и најубав декоративен украс на велигденската трпеза.

Прочитај повеќе »

Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март

Кое цвеќе да го подарите за 8-ми Март Денес е 8-ми Март, денот на жената. Секоја сакана жена заслужува цвеќе. Сигурно се прашувате кое цвеќе да го подарите?

Цвеќето се разликува според боја и вид. Бојата на еден цвет има симболика без оглед на видот на цветот. Тоа значи: виолетовата боја симболизира нежност, сината боја симболизира верност, имагинација и мечтаење, додека пак,  портокаловата, гордост и енергија.

Прочитај повеќе »

Лошата диета причина за создавање на камен во жолчката

Лошата  диета причина за создавање на камен во жолчкатаДоколку сте одлучиле да држите некоја диета, пред да ја започнете информирајте се дали може да имате последици по вашето здравје. Диетите со Јо-Јо ефект може да предизвикаат појава на камења во жолчното ќесе. Ова го докажа една студија направена во САД во која беа вклучени речиси 25.000 мажи, кои во период од 10 години честопати губеле, па потоа набрзина ја враќале назад својата тежина.

Прочитај повеќе »

ВИДЕО: Како да излупите варен компир за неколку секунди

Tрик кој е корисен за секој кој редовно лупи компири во кујна. Не ви треба никаква алатка, само еден сад со ладна вода и компирот за неколку секунди е излупен. Погледнете како се прави тоа!

Прочитај повеќе »

Нов метод за чистење на лакот од нокти

Доколку уживате да ги третирате постојано своите нокти, нанесувајќи лак за нокти во различни бои, сега имате можност да го менувате лакот почесто од вообичаеното, бидејќи постои еден нов начин на чистење на лакот од ноктите. Целата процедура трае околу 5 минути и е прилично едноставна и интересна.

Прочитај повеќе »

Познати ѕвезди повторно за AVON

Ферги со нов парфем и производи за коса, Ирина Шаик со револуционерна нова маскара

АVON, една од најголемите козметички компании во светот и во третиот квартал претставува производи заштитени со потписот на познатите. Поп-дивата Ферги која е заштитно лице на линијата за коса Advanced Techniques со нови препораки за летниот период, а по успешноста со Outspoken и Outspoken Intense, во последната кампања на AVON го лансира и својот нов парфем VIVA.

Прочитај повеќе »

Практични совети за нега на кожа

1. Кремата  нанесете ја во мали количини

Кога ја третирате кожата со крема, ставете малку и со лесно притискање и кружни движења втријте ја во кожата. Ако на кожата остане масен филм, тоа е знак дека сте нанеле премногу. Вишокот од кремата треба да го отстраните со хартиена марамица.

Прочитај повеќе »

Плетенка СИРЕНА

Направете вашето секојдневие да биде уште поубаво. Научете како професионално сами да ја стилизирате својата коса. Погледнете го следниов туторијал за правење на едноставна и секојдневна фризура, која е погодна за сите типови на коса со средна и долга должина на коса.

Прочитај повеќе »

Исхрана за Псоријаза

Псоријазата е широко распространета болест на кожата која иако не е заразна, е сериозно предупредување дека во организмот нешто не е  ред и дека треба да се воведе во менито одредена храна  за да се елиминира ова нарушување.

Ви препорачуваме диета за третман / намалување на проблемот: урамнотежена исхрана, коja може значително да помогне за да се надмине оваа болест.

Прочитај повеќе »

Храна за и против целулит

Начинот на живеење, навиките и исхраната се најважни во борбата против целулитот. Денес, брзото темпо на живеење, наметнува консумирање на готова храна (fast food) и во голема мера внес на храна со премногу калории, масти, шеќер и сол.

Најважно е да разјасниме која храна придонесува за појава на целулит, а која помага за негово намалување.

Прочитај повеќе »

Диета 20 дена

Еден циклус од диетата трае 20 дена. Во овој период се јадат по два, точно определени оброци. Количеството храна што се внесува за време на оброците не е ограничено. Откако ќе го завршите циклусот од 20 дена, треба да направите пауза од еден месец, по што можете повторно да започнете нов диетален циклус.

Со еден диетален циклус со сигурност се губат 8 кг. Оброците консумирајте ги на растојание од шест часа. На пример: ако првиот е во 12 часот, вториот нека биде во 18 часот попладне.

Прочитај повеќе »

Аткинсова диета

Аткинсовата диета е популарна ниско – јаглехидратна диета за слабеење, разработена од д-р Роберт Аткинс. Појавата на оваа диета во 1972г., стави почеток на долгогодишен тренд за користење на диети со минимално консумирање на јаглехидрати.
Денес, оваа диета се користи од многу луѓе, кои тврдат дека слабеат брзо и без гладување.

Оваа диета ветува намалување на тежината 6 – 8kg во првите две недели. Слабеењето треба да продолжи ѝ во втората и третата фаза, т.е. сè додека го контролирате нивото на внесени јаглехидрати.

Прочитај повеќе »

Диета со супа од зелка

Диетата со супа од зелка е седумдневна нискокалорична диета. Таа е одличен прочистувач на организмот, иако спаѓа во стриктни и брзи диети, дава одлични резултати. Се држи само 7 дена, па се прави пауза од две недели. Додека сте на пауза од две недели треба да внимавате во исхраната, за да не се појави јо – јо ефект, да не се вратат брзо килограмите. Додека сте на оваа диета треба да внесувате дополнително мултивитамини. За седум дена се губат околу 5 кг.

Прочитај повеќе »

5 Тајни за полесно слабеење

1. Дневно пијте по еден литар зелен чај

Начин на подготвување: Во 250 мл. Врела вода (не зовриена) се додава една лажичка чај. Користете чај во ливчиња, бидејќи вкусот е подобар. Зелениот чај е моќен антиоксиданс кој го стимулира метаболизмот, исто така прави телото да согорува калории побрзо. Три шолји зелен чај согоруваат 100 калории дневно.

Прочитај повеќе »

Летна диета

Оваа диета е хит ова лето. Едноставна е за спроведување, не е скапа, а гарантира губење на 7 килограми за три недели. Мора стриктно да се придржувате и да јадете мали порции за да имате резултати.

Прочитај повеќе »

Диета со лубеница

Диетата се држи четири дена и има прочистувачки и тонизирачки ефект врз организмот. Кога ќе го завршите циклусот од четири дена се препорачува да се придржувате кон основните принципи на здравата исхрана од која се исфрлени сите полуготови и ли мрсни продукти во кои има протеини, јаглехидрати, а да консумирате корисни маснотии, витамини и минерали.

Прочитај повеќе »

Биљана: Како ги изгубив килограмите после бременоста?

Јас немав вишок килограми после пораѓање. Два пати бев бремена, двете бремености започнаа со 57-58кг.
Мојот совет повеќе е како да се заштитите од овој проблем да не ви се појави, иако мислам дека ако ја примените оваа тактика иако сте качиле вишок килограми ќе се доведат во ред.

Прочитај повеќе »

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.