Ајде татковци, раскажете некоја интересна случка , споделете го своето искуство, дајте некој совет за неискусните татковци, дружете се!

Тема на месецот:

Како ги поминувате попладневните часови со своите деца?

Раскажете како си играте, дали учите нови работи низ игра, споделете ги вашите тактики на воспитување, дали сте строг родител. Можете да испратите и фотографија од Вас и Вашето дете.

Праќајте е-маил на kontakt@moebebe.com.mk


Важно: со самото испраќање на содржината на текстовите, вклучувајќи ги и вашите фотографии, вие, го одобрувате нивното објавување






Поучна приказна: Тато, дај ми 50 денари!

Father-and-Son„Еден човек се вратил доцна од работа, како и секогаш изморен и нервозен, а на вратата го пречекал неговиот мал син.
– Тато, може ли да те прашам нешто?
– Се разбира, што има ?
– Ти каква плата добиваш ?
– Тоа не е твоја работа … – намуртено одговорил таткото,
– и зошто ме прашуваш такво нешто?
– Само сакам да знам, те молам, кажи ми, колку пари добиваш за еден час?
– Штом толку сакаш да знаеш – 100 денари…
– О .. – детето се замислило – Тато, може ли да ми дадеш 50 денари?
– Знам, сакаш пари од мене, за да си купиш некоја глупава играчка или некоја друга глупост – се налутил таткото –  И заминувај во соба на спиење! Како може да си таков егоист! Јас работам по цел ден и сум толку уморен, а ти ме прашуваш такво нешто…
Детето тивко си заминало во својата соба и ја затворило вратата.
Таткото седнал да се одмори, и иако бил лут, се замислил на прашањето што му го поставил синчето. По околу еден час, веќе доста порелаксиран, се запрашал за парите кои ги побарало детето… Тоа беа само 50 денари, а и не се случувало често детето да му бара пари.
Таткото отишол во собата.
– Спиеш ли? – прашал тој.
– Не тато, само лежам – одговорило момчето.
– Жал ми е, имав тежок ден и повторно постапив доста грубо со тебе – рекол таткото – Еве, земи ги парите, за кои ме замоли.
Детето се насмевнало.
– О, тато, ти благодарам! – Радосно викнало тоа и потоа од под перницата извадило уште неколку стуткани банкноти. Гледајќи дека детето има уште пари, таткото повторно се намуртил. а малиот ги собрал банкнотите, внимателно ги преброил и погледнал кон татко си.
– Зошто ме молиш за пари, откако веќе си имаш? – Прашал таткото.
– Бидејќи немав доволно. Но, сега веќе ќе ми стигнат. – Одговорило детето – Тато, тука се само 100 денари. Може ли да се купи еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре порано од работа, бидејќи многу сакам да вечераш заедно со мене и мама.
Таткото бил скршен. Тој го прегрнал својот син и го замолил за прошка.

Ова е само едно потсетување за сите нас кои голем дел од времето и енергијата ја трошиме за работи кои не се најважни во животот… Брзото темпо на живеење, како и борбата за опстанок, не тера да бидеме изморени, нервозни, недружељубиви, и така за жал, немаме време за ништо друго, освен за работа и само работа. Времето си поминува, но треба да го поминуваме со оние кои ги сакаме и не сакаат. Во животот, ниту парите, ниту работата, ќе не направи среќни и задоволни, љубовта и убавите мигови поминати со саканите оставаат белег на секое срце кое ќе живее исполнето со живот!

Видео: Татко и прави фризура на ќерката

Како да го прославите Денот на вљубените

14 -ти Февруари е посебен ден за многу вљубени парови, ден кој подразбира ИЗНЕНАДУВАЊЕ за саканиот/ната….

Прочитај повеќе »

Совети за среќен брак

Совети за среќен бракКомуникација – е еден од најважните клучеви за здрав и среќен брак. Во секој брак има проблеми за кои треба да се разговара со партнерот. Немојте да се затворате во себе, така нема да го решите проблемот кој ве мачи. Секогаш треба да бидете подготвени да слушате. При разговорот вклучете го своето целосно внимание.

Прочитај повеќе »

Писмо кое го трогна светот: Таткото и кажува на ќерка си како да најде совршено момче

Писмо кое го трогна светот: Таткото и кажува на ќерка си како да најде совршено момчеДоктор Кели Фланаган, клинички психолог со пракса во Витона, Илиноис редовно пишува за животот, љубовта и општеството на својот блог. Неговиот последен пост, посветен пред се на неговата ќерка но и на сите други, треба да биде пример за сите татковци во воспитувањето на своите деца, на сите деца кои не биле во можност да добијат такво воспитување, буквално на сите! Пост кој ќе ве трогне и ќе ве натера да размислите.

Прочитај повеќе »

Кога циркулацијата на крвта во телото прераснува во проблем

Кога циркулацијата прераснува во проблемШто е циркулација на крвта?

Циркулацијата на крвта во организмот е клучот за живот. Преку циркулацијата на крвта се врши пренос на кислород и хранливи материи до сите ткива, хранејќи ги сите телесни клетки, овозможувајќи им ослободување од отпадоци. Човековиот циркуларен систем се состои од стотици километри долги крвни садови во кои се вмрежени сите органски системи.

Прочитај повеќе »

Лошата диета причина за создавање на камен во жолчката

Лошата  диета причина за создавање на камен во жолчкатаДоколку сте одлучиле да држите некоја диета, пред да ја започнете информирајте се дали може да имате последици по вашето здравје. Диетите со Јо-Јо ефект може да предизвикаат појава на камења во жолчното ќесе. Ова го докажа една студија направена во САД во која беа вклучени речиси 25.000 мажи, кои во период од 10 години честопати губеле, па потоа набрзина ја враќале назад својата тежина.

Прочитај повеќе »

Фото галерија: Најдобриот татко на светот

[nggallery id=1]

ФОТО: Држач за пиво

Одлична идеја за љубителите на пивото, особено кога треба да се журкаат на некој Оpen festival.

Како и да е, пивото е за пиење!

Уживајте!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.